„Репек АД“ оствари раст на консолидираните приходи од сегментот фармација, со што реализацијата на Годишниот план на компанијата за 2023 година е надминат и изнесува 100,5 %. Консолидираните приходи од продажба реализирани во 2023 година изнесуваат над 25 милиони евра и пораснале за 42 % или за 7,4 милиони евра. Продажбата на странските пазари порасна за 43 % и изнесува 19,7 милиони евра, а во однос на минатата година вредноста на продажбата на овие пазари е зголемена за 6 милиони евра. Позициите на компанијата се зајакнуваат и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37 % во однос на 2022 година, со реализирана продажба во износ од 5,4 милиони евра, односно зголемување за 1,45 милиони евра.

„Реплек АД“ е извозна компанија и на над 20 странски пазари пласира повеќе од 78 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент. Со своето портфолио компанијата е присутна на пазари во земји членки на ЕУ, Адриа регионот, во земјите на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија, како и на пазарите во ЗНД. Дел од производите на компанијата од фармацевтската програма се меѓу најпродаваните на дел од пазарите, што е директна потврда за квалитетот и високата конкурентност на глобално ниво и го докажува потенцијалот за натамошен раст и развој.

„Успехот на компанијата и заокружувањето на една успешна година се должи на стратешката развојна политика, во чии рамки инициравме храбри транзициски процеси кои ги подобрија и зајакнаа перформансите на компанијата. Ние цврство веруваме дека промените и напредокот започнуваат од внатре, а оваа нова компаниска енергија веќе е препознаена на пазарите. Имаме амбициозни планови и ова е само почеток на нивна реализација. Цврство веруваме во нашето портфолио на чие збогатување посветено работат нашите фармацевтски тимови и уверени сме дека нашата посветеност ќе донесе дополнителен раст на компанијата, но и ќе придонесе во развојот на целокупната македонска економија“, истакна Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“ Скопје.

„Реплек АД“ минатата година за прв пат објави и предлог среднорочна дивиденда политика, која се темели на остварување годишна профитабилност на друштвото во распон од 60% до 150% од последниот тригодишен просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Преку овој стратешки акт се овозможува поголема предвидливост на исплатата на дивидендата на подолг временски период, што ќе обезбеди и поголем прилив на свеж капитал во компанијата, правејќи ги акциите на компанијата атрактивни за инвеститорите.

Компанијата продолжува со инвестиции и модернизација, со посебен фокус на фармацевтскиот сегмент и зајакнување на позициите на портфолиото на странските пазари.

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.