Регионалниот пат Гевгелија- Ново Конско ќе се реконструира, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Дел од регионалниот пат од Гевгелија до браната Конско идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реконструира, бидејќи истиот е во катастрофална состојба. Реконструкцијата ќе опфаќа негово проширување, како и одбележување со вертикална и хоризонтална сигнализација.
Овој патен правец е од особено значење поради тоа што ја поврзува и туристичката населба Смрдлива вода, како и Ски центарот Кожуф, како и за стопанството во општина Гевгелија. Овој регионален пат го користат и жителите на 3 населени места Моин, Ново Конско и Конско и преставува врска со населените места Ума и Серменин. Важно е да го развиваме туризмот. Важно е да инвестираме во руралните средини“ – истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.