Новогодишно обраќање на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Драги мои“
Сакам да ви ги честитам празниците и да ви посакам здравје, бистри и мирни глави, посветеност и трпение за сето она што го посакувате за вас и ониe кои ги сакате.
За сите нас и нашата држава посакувам да ја зголемиме довербата и поддршката едни за други, да веруваме во моќта на малите позитивни промени, кои доколку секој од нас во своето опкружување ги направи, собрани на куп ќе бидат движечката сила за развојот на нашата земја.
Цврсто верувам во нашите здрави капацитети, и мојата верба во нив се засили во овие последни кризни години. Социјалдемократските вредности, солидарноста и почитувањето на различностите, се нашиот штит против неправдата, нееднаквоста и сиромаштијата.
Развојот не е конечна дестинација, туку процес на постојано подобрување и унапредување.
Затоа во следната 2023-та но и во годините кои следат, заедно, ќе одиме напред кон Европската Унија и заедно ќе ја градиме нашата земја.
Сите ние, заедно, за нашата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.