Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи деа според статистиката растот на инфлацијата е повисок од растот на платите и пензиите.

Реалноста на секој граѓанин е далеку пострашна од статистичките гимнастики на власта. За само година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%. Македонија тоне во сиромаштија. Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Власта на СДСМ и ДУИ наместо да се грижи за народот се грижи како своите функционери да ги претвори од голтари во милионери. Економијата е во колапс. Поради погрешните економски политики и мерки на власта Македонија е на дното во регионот по растот на БДП. Македонија во 2021 година има раст од само 4% на БДП што е далеку помала во споредба со земјите од регионот, а патем Македонија имаше најголем пад на економијата годината претходно. Тоа само покажува дека само Македонија од сите земји во регионот не успеала да го надополни падот од 2020 во споредба со 2021. Секој економски параметар пропаѓа, освен долгот кој галопирачки расте. Така 2021-ва ја завршивме со долг од 61% од БДП или надмина 7 милијарди евра и за жал власта најавува дека уште ќе расте, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.