Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно.
Податоците што ги сподели денеска централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98 проценти и забележала месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, остварила месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесувала 2,46 проценти.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 5,40 проценти и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при раст на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п.). На годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,17 п.п, соопшти НБ.
Оттаму дополнуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март, изнесува 1,76 проценти и оствари месечно зголемување од 0,03 п.п. Промената се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.) На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,72 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 2,42 проценти. Нагорната промена целосно произлегува од растот на каматните стапки на новопримените депозити во странска валута (за 0,19 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се непроменети. Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,15 п.п, информира централната банка.
Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,35 проценти и е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво. Надолната промена се должи на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п.
Од НБ истакнуваат дека во март каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, оствари месечно намалување од 0,52 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Анализирано по валута, промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,60 п.п. и 0,54 п.п., соодветно) и кредитите во странска валута (за 0,24 п.п.). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,54 п.п.
Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. и изнесува 2,12 проценти. Притоа, промената се должи на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со март минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,38 п.п.
Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. и изнесува 2,52 проценти. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,55 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), при намалени каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 1,52 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п, соопшти Народната банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.