Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји – информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.