Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.
За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените пред носењето на одлуката за есенската потрошувачка кошница, Мицкоски порача дека секој кој се однесува шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран.
На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека мерката ќе трае до крајот на октомври, а како резултат на неа 70-ина производи се со намалени цени, како резултат на анализа и теренски анкети со граѓаните.
Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите – рече Мицкоски.
Најави дека наскоро ќе има промени во раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт.
Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ – рече Мицкоски, при престојот во општина Ѓорче Петров, по повод поставување камен темелник на спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.