АД ЕСМ правел добрини и иако немале обврска ги објавувале склучените договори за набавка на гас, електрична енергија, но и мазут. Барем така вели директороот на државната енергетска компанија. Ковачевски и денеска го избегна одговорот, но и деталите од јавните набавки компанијата да ги објави условите во договорите тешки 270 милиони евра.
Според, него нема ништо спорно што лиценцираната фирма РКМ, на Ратко Капушевски, ексфункционер од времето на Груевски, со увозник во минатото на спорни енергенси во квалитетот ги добива последните неколку договори. РКМ е единствениот понудувач кој ги исполнил условите, а цената била главниот критериум на првиот повик за 150 илајди тони мазут за ТЕЦ Неготино.
Но, она што е регуларно и не е спорно за Ковачевски, е предмет на интерес на антикорпуционерите. По, сториите на КОД, се заинтересира антикорупциска за да ги испита наводите, но и информацијата која ја таи ЕСМ затоа дали тендерите биле наменски пропишани за некоја од компаните, со оглед дека се предвидени точни колични на дневна потрошувачка и испорака на договорниот енергенс, а изостана и одговорот од ЕСМ, кој дал банкарска гаранција за фирма со минимална добивка и со висок ризик.
Повеќе на Телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.