Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во измените на Законот за шумите предложија во член 75 да се вметне нов став со кој се бара забрана на поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети. За овој амандман гласаа само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а против беа пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП.

Од 110 присутни пратеници, 31 пратеник гласаа „за“ овој амандман, а 47 беа против.

По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда – коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.