Пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите за да се овозможат поригорозни мерки за трговците кои ја користат кризната ситуација за воено профитерство и манипулации, апелира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Очекувам и ги молам пратениците на првата собраниска седница да го усвојат законот за заштита на потрошувачите кој веќе 2,5 месеца е во процедура. Тогаш ќе се зголеми можноста на инспекциите да преземат поригорозни мерки за тие што го користат моментот за воено профитерство и прават манипулации со клинетите и потрошувачите – рече Бектеши на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање зошто трговците постојано ги покачуваат цените и покрај замрзнатите маржи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.