Војната во Украина и одлуката за одмрзнување на цените на храната од 1 март ги наполнија маркетите. Граѓаните почнаа панично да ги празнат рафтовите во маркетите како пред короната и да прават залихи на храна. Најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна, велат трговците.

Граѓаните се исплашени од војната во Украина и од најавата на производителите за раст на цените по нивното одмрзнување.

Во продавниците се повторува сценариото од пред речиси две години, кога почна пандемијата. Помалите маркети речиси и да се празни, а во поголемите има поголем избор, но ги нема оние производи што се со најниски цени.

На социјалните мрежи се појавија фотографии со празни полици со прехранбени производи, и тоа главно леб, брашно, тестенини, пијалоци, вода, но и хигиенски производи.

Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.