Дистрибутерот на производите HiPP на македонскиот пазар ја известува јавноста дека го повлекува од продажба HiPP 100% органски сок од јаболко 200 ml во шише, од производна серија А98967 со рок на траење од 31.10.2023 година. Овие информации се испечатени на работ на капачето.

Мерката важи само за овој производ. Повлекувањето не се однесува на други серии HiPP 100% органски сок од јаболко (200 ml).

Производителот како причина за повлекувањето го наведува присуството на несакани честички во поединечни шишиња од производната серија (LA 98967) наменети за пазарот во Република Полска. Истрагата покажа дека се работи само за поединечни шишиња од серијата кои беа испратени исклучиво на полскиот пазар. Другите производи од истата производна серија испратени на други пазари се исправни.

И покрај тоа, производителот HiPP веднаш реши да го повлече производот од македонскиот пазар поради грижа за безбедноста на потрошувачите. Потрошувачите можат да ги вратат  производите од споменатата серија на продажното место од каде се купени каде ќе им бидат вратени пари или ќе биде направена замена. ( оваа можност се однесува исклучиво на горе наведениот производ од конкретната производна серија со наведениот рок на траење).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.