ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, наведуваат од Јавното претпријатие.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, се посочува, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – скопјани може да се јават Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 и на веб-страницата и фб на Јавното претпријатие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.