Од полноќ за половина денар поскапуваат Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на Еуросупер БС-95 и Еуродизелот останува непроменета.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 80,5 денари за литар и на дизелот 69 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,145 проценти. б



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.