Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија во емисијата 24 анализа вели дека можело да се најде начин да се превенираат проблемите со замрзната цена, и дека немаат профит и се во загуба.
Во индустриските пекарници кои произведуваат 15 000 леба, загубите се многу големи. Таа компанија нема да издржи загуби. Тоа се енормни загуби, а мелничко-пекарската индустрија работи со најмали маржи. Ја поздравуваме мерката за јавно добро, но имаме голем проблем во пекарската индустрија, да не се случи до тотален колапс на индустријата. Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради тие загуби на фирмите кои го произведуваат. Ако се задолжуваш по банки, која ќе те кредитира ако работиш со загуби – вели Малишиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.