Во Карбинско-штипскиот регион денеска започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи поради појавата на африканската чума.
Искоренувањето на афринската чума кај свињите, како што истакна првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски се врши во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на болеста.
Во изминатиот период, посочи тој, донесени се повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.
Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.
Меѓу другото, Бабовски потенцираше дека вирусот е отпорен, но оти болеста не влијае на здравјето на граѓаните.
Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.
Од појавата на првиот случај на африканска чума во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3 102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во Карбинско-штипскиот регион, бројката да се дуплира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.