Тргувањето на Македонска берза беше запрено на половина час по галопирачкиот пад на вредноста на МБИ10 индексот, откако утрово Русија ја започна инвазијата на Украина. Но потоа продолжи тругувњето.
Инвеститорите по информацијата за инвазијата побрзаа да ги продадат своите хартии од вредност, а тоа придонесе за пад од 8,39 отсто индексите.
Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 12.23.05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39 отсто, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени“, соопшти Берзата.
Потоа берзата го продолжи тругувањето.
Согласно член 58а од Правилата за тргување на Берзата, беше прекинато тргувањето на Берзата во 12.23.05 часот во времетраење од 30 минути. Тргувањето продолжи во 12.54 часот. Официјализација на денот на тргување ќе биде во 14.30 часот“ соопшти Берзата.
Што регулира членот 58а од Правилникот за тргување:
Доколку почетната продажна цена на акциите наведена во поднесеното барање отстапува за повеќе или помалку од 10 отсто од последната просечната цена на тргување на редовното тргување, во прилог кон барањето, членката на Берзата која ги застапува продавачите на акции задолжително го доставува и налогот за продажба на акциите даден од продавачите на акциите, како и изјава од продавачите на акциите во која тие изјавуваат дека се запознаени дека цената наведена во налогот за продажба на акциите отстапува за повеќе или помалку од 10% од последната просечната цена на тргување со предметните акции”, се наведено во Правилникот за тргување на Македонска берза.
Експертите велат дека овој потег на берзата ќе ги смири инвеститорите, бидејќи нивните хартии од вредност нема вртоглаво да ја губат вредноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.