Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 82, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 78 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,662 денари.

Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.