„Срамота, срамота…!“

Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на „Алсат“. Од телевизијата побараа одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.

– Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?

– Тоа ќе ги прашате надлежните.

– Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.

– Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите.

– Ама вие сте во владата втор, трет човек…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.