Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици.
За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае и врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи.
Ќе обезбедиме поевтина струја во износот од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковечевски.
Toj потсети дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат најмалку за 10 проценти.
Основните и средните училишта ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија.
Во оваа тешка зима им помагаме и на основните и средните јавни училишта за да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја. Основните и средните јавни училиште при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија можат да склучат договор за снабдување со ЕСМ продажба по цена од 95 евра по мегават час. Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковечевски.
Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании. Посочи дека ќе се помогнат овие компании се со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.