Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република  Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.