Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Во четвртокот минатата недела, РКЕ одлучи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 да се намали за три денари.

За 2,5 денари се намалија и цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло
за домаќинство (ЕЛ-1) .

Цената на Мазутот М-1 НС се намали за 1,085 ден/кг и изнесува 51,564 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.