Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009, пренесува Фактор.
Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар.
Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва – буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.
Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.
Поскапувањето следува иако во годишниот финансиски извештај на јавното претпријатие за 2021 е евидентирана добивка од 100 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.