Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%, обелоденува заменик министерката за финансии во техничката Влада, Елена Петрова.
•Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој период. Имено, Владата во овој период потроши 763 милиони евра, а од даноците, придонесите и другите приходи во буџетот влегоа 555 милиони евра. Оваа негативна разлика (буџетски дефицит) од 208 милиони евра е поголема дури за 101% во однос на истиот период од минатата година.
-график за задолжувањето и буџетскиот дефицит, споредба 2024-2023
•За што трошеше Владата, односно државните органи и институции во овој период повеќе од истиот период минатата година? Трошоците за плати и надоместоци на вработените во министерствата, органите и институциите се поголеми за 20%. Пензиите, социјални надоместоци и други слични трансфери, кои се претежен дел од буџетските трошења, се зголемени за 28%.
•Во истиот период, кај буџетските приходи потфрли наплатата на даноците.Особено потфрли наплатата на ДДВ, при што се собрани средства помалку за 1/3 од минатогодишната наплата (99 милиони евра собрани во 2024 год., наспроти 149 милиони милиони евра собрани во 2023 год.), пишува на својот Фејсбук, заменик-министерка за финансии во техничката Влада, Елена Петрова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.