Ниската пензија принуди голем број пензионери да работат трета смена, пишува порталот Денар.мк

На социјалните мрежи дури се појавија и огласи од пекарници: Бараме лица за пакување леб, може да се пријават и пензионери. Се работи од 10 часот навечер до 6 часот наутро. Плата: 15.000 денари.

Јас сум пензионер од Скопје и имам 68 години. Откако се пензионирав не можев да живеам само со пензијата, па затоа почнав да работам ноќно време во една пекарница во мојата населба. Работа ми е да ги пакувам лебовите и другите пекарски производи. Работиме од 22 часот до 6 часот наредниот ден, шест дена во неделата. За тоа добивам околу 15.000 денари месечно, што е малку повеќе од половина од мојата пензија. Морам да признаам дека работата е напорна, често сум уморен и ненаспан, а имам проблеми и со варењето и со крвниот притисок. Свесен сум дека работам на црно, ама немам друго решение. Со тие пари што ги добивам од ноќната работа можам да си ги купам лековите – раскажува за Денар.мк пензионерот кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.