Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот, како што соопшти опозицијата.
Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните денови.
Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.
Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.