Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката, цените на бензините остануваат непроменети, а дизел горивото поевтинува за еден денар. За половина денар поевтинува е цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се цените на горивата од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.