Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека општина Арачиново не само што не штедела, туку има дури 474 проценти поголема потрошувачка на струја.
По овој повод, од Општина Арачиново попладнево пристигна соопштение.
Од таму велат дека врз основа на објавувањето на веста која има врска со употребата на струја за општина Арачиново, се чувствуваат должни да информираат дека во текот на минатата година општинската администрација била лоцирана во стара барака која имала многу мали работни простори и трошоците биле помали.
„Додека оваа година се преселивме во објектот на општината кој е со повеќе работни простори каде што сите простори за работата ги ставивме на располагање, а во однос на трошоците за електрична енергија за пумпите за вода ве известуваме дека оваа година ја пуштивме водата и споредено со лани во истиот период каде што немало вода и немало работа на пумпите, од кои повеќе од евидентно е дека потрошувачката на струја се зголемила оваа година.
Веднаш ќе ве информираме подетално, на пример, трошоците за електрична енергија за еден месец (септември 2022 година) за зградата на општината се: 26.191,00 денари (425 евра), додека за пумпите за вода од кои се снабдува со вода целата населба Харачина, тие се 1.418.069,00 денари (23.058 евра)“, додаваат од Арачиново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.