Од 7 до 9 јуни во „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Саемот за транспорт, кој ќе биде отворен за посетители од 10 до 18 часот.
Меѓу повеќе од 30 потврдени учесници, се вбројуваат реномирани и познати бренд-имиња на импортери на товарни возила (Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang Yong, Piaggio Commercial, Krone, Carrier, Thermo king), како и други компании со комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги.
Во рамките на тридневниот саем, којшто годинава за првпат ќе се реализира во Комплексот – Борис Трајковски, на отворено, дел од неколкудневната програма секако ќе бидат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.
Саемот за транспорт е дел од серијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.