Цените на храната ќе замрзнуваат од следната недела. По енормното зголемување на прехранбените производи во малопродажба, Министерството за економија од утре ќе бара од сите ланци на супермаркети да ги намалат цените за 10%, а од следната недела тие да се замрзнат до 30 ноември. Дополнително поради тоа што во време на криза трговците пробуваат да профитираат на грбот на граѓаните, до крајот на ноември нема да има ниту еден производ по акциска цена, за да нема измами и злоупотреби на цените на продуктите.

Од Државниот пазарен инспекторат велат немаат надлежност да влијаат врз цените на пазарот, а ако Владата донесе одлука цените да се намалат тие тврдат дека нивните инспектори ќе вршат инспекциски контроли насекаде низ земјава, без селекција.

Во европските земји од почетокот на инфлацијата цената на храната е зголемена за 11%, додека во Македонија за 46%. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, алармира на сите супермаркети и трговци кои неетички ги зголмиле цените, дека во време на криза не треба да заработуваат на грбот на граѓаните.

Граѓаните пак велат, едвај им стигаат платите и пензиите само за да се прехранат. Додека се поскапува, според нив платите растат ама само на функционерите.

Од денескa пак во продавниците во Србија по пониски цени може да се купат 20 основни производи за исхрана, хигиена и хемикалии за домаќинството под ознаката „подобра цена“.

Кај нас од ноември се најавуваат антикризни мерки, односно финансиска помош за ранливите групи граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.