На денешната седница беше донесена Одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ (NSV-Namensschuldverschreibungen”), во износ од 250 милиони евра.
Овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг, односно каматната стапка изнесува 3,75% плус шест месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период.
НСВ е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. Како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.