Нова директорка на Управата за јавни приходи е Елена Петрова.
Петрова ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.
Од владината прес-служба информираат дека таа има активно учество во неколку управни одбори и поседува лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.
Длабока благодарност на премиерот Проф.д-р Христијан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за дадената доверба да ја раководам Управата за јавни приходи – УЈП. Ова за мене претставува огромна чест и обврска. Ќе возвратам со посветена, чесна и одговорна работа која ќе гарантира мобилизација на даночните приходи кои се најважен-финансиски инпут за реализација на владините политики и мерки за посилна економија и подобар животен стандард на граѓаните.
Наша одговорност кон општеството е да ги детектираме и намалиме сите загуби на даночни приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот трезор за да се користат за доброто на сите македонски граѓани, сегашните и идните генерации, пишува Петрова на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.