Министерот за земјоделство Љупчо Николовски  посочи и дека веќе е подготвен план со мерки на среден и на долг рок за зголемување на домашното производство на пченица.

-Доколку го зголемиме производството за 500 килограми по хектар, тоа се 30 илјади тони годишно и целта ни е на долг рок да станеме увозно независни. Имаме пораст на домашното производство од 195.000 тони  во 2017 година на 253.000 тони минатата година, со што значително се намалува увозот на пченица. И оваа оваа година во планот за есенската сеидба немаме намалување на заесенаите површини со пченица. Проценките на коморите се дека е потребен увоз на околу 50 илјади тони пченица до жетвата за два месеца и тие ќе бидат обезбедени. Очекуваме производството да биде околу 255 илјади тони, а потребите се околу 300 илјади, со што повторно се намалува делот што го увезуваме, рече Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.