Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор, објави Николоски на својот Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.