Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за Фокус говори и за проблемите во работењето со кои се соочуваат Македонски пошти и Железници Транспорт.
„Во однос на Пошти, проблемот е што Агенцијата за пошти има дадено премногу лиценци на приватни пошти кои се нелојална конкуренција на Македонски пошти. Најголем дел од лиценците се на косовски компании. Тоа е проблемот со Пошти и ќе го решаваме“, посочи Николоски.
Николоски информира и за состојбата во однос на Железници Транспорт, односно за идните планови.
„За да генерира приходи Железници мора да има локомотиви. Претходниот директор сите локомотиви ги има онеспособено, актуелниот директор ги враќа во функција. Сега имаме 3 активни локомотиви, до крај на годината ќе имаме 10. Профитот е во товарниот сообраќај, патничкиот сообраќај е субвенциониран. Кога ќе имаме 10 локомотиви, Железници-Транспорт, а со тоа и Инфраструктура, зашто плаќаат за користење на пругата, ќе бидат профитабилни компании“, вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.