Изминативе три дена се случува конференција на тема „Енергенсите и економската криза и улогата на парламентот“. Конференцијата е во организација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во соработка со шведската фондација Jarl Hjamarson, која што е официјална фондација на Модератерна партија од Шведска, таа моментално владејачката партија која што од скоро го има премиерот на Шведска. Нас  многу ни значи што покрај традиционалните партнери како Конрад Аденауер од Германија и ИРИ од САД, да оствариме соработка и со фондацијата на најголемата политичка партија во Шведска.

Тоа многу значи за да се споделат искуства и знаења и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците и секако со идните носители на извршната власт.

Овие три дена се разговараше за катастрофалната економска состојба во којашто е Македонија и исто така немањето план за справување со енергетската криза. Веќе сме на крајот на ноември, почеток на декември, зимата е пред нас, нема се уште јасен план за континуирано производство на електрична енергија, домашните капацитети не се користат, има масовен увоз на електрична енергија и компаниите ден за ден затвораат, затоа што мора да купуваат електрична енергија од берза која што е далеку поскапа од тоа што претходно го добиваат и стануваат некомпетативни на пазарот и за жал мора да затворат.

Да не зборувам за состојбата со централното греење во Скопје или со начинот на греење на остатокот во државата, каде што електричната енергија, но и сите други енергенси од типот на дрва и се останато е далеку поскапено и народот тоа го чувствува на сопствена кожа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет на закони и законски измени со кои предлагаме мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија. За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година. Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малце подолга, и дека доаѓа уште потешка зима а тоа е зимата во 2023 година.

Ако оваа година некои од земјите успеаја да ги наполнат резервите со гас и колку толку да има некакво производство на електрична енергија по вакви високи цени сепак го има, големо прашање е што ќе се случува во текот на 2023 година и затоа не смее неспособна влада која нема одговори за економските проблеми на граѓаните да остане на власт цела година. Најдоцна на пролет мора да има избори за нова власт да се спреми и организира и спремно да ја дочека зимата 2023 како би се намалиле економските последици и би можело стопанството да се врати во нормала и да се врати животниот стандард на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.