Многу е несериозно да зборуваме дека се реализираат било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо капитално не се реализира. Има одредени трикови кои тие ги прават за да сега еве престават највисоко ниво, историско на реализација на капитални инвестиции, преку тоа што во оној процент на капитални инвестиции ги вкалкулираат сите средства кои што ги префрлаат до ЕСМ или до македонските развојни банки за докапитализирање преку кредити, но најмногу и најлесно се објаснува тоа како се реализираат капиталните инвестиции преку тоа дали граѓаните гледаат дека на терен се гради нешто од тоа што тие го плаќаат во буџетот. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, на тема „Политики за развој на инфраструктурата“.

Тој исто така преку пример објасни дека власта безосетно лаже за тоа колку километри патишта се направени.

„Еве да го земеме првиот пример со онаа една нивна трибина дека направиле 1.300 километри патишта. Тоа беше пред четири недели и вчера ги слушам од Битола министерот вели не 1.300, туку 1.400 километри направивме. Па основно се поставува прашањето дали овие нашиве што работат треба да се некакви чудни инженери кои што успеваат за четири недели 100 километри нови да испроектираат, да пробијат, да изградат и да асфалтираат“, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски меѓу другото истакна и дека непочнатиот автопат кој треба да го гради Бехтел и Енка до овој момент ја чини државата 200 милиони евра, пари со кои веднаш би можело да се пристапи кон решавање на проблемите од комунална природа во повеќе општини.

„До овој момент непочнатиот автопат Бехтел и Енка ја чини оваа држава 200 милиони евра. Тоа значи дека ние тие 200 милиони евра да не ги дадевме на овие кои што немаат ни почнато, ниту заковано една шајка, ниту фрлена една лопата, ќе можевме сите овие општини коишто гравитираат околу Делчево и во овој дел од државата веднаш да пристапиме кон решавање на проблемите од комунална природа. Е токму затоа велам дека оваа влада не може да се каже дека реализира капитални инвестиции кога и не реализира“, рече Стојаноски и додаде:

„Сакам да ѝ порачам на македонската јавност една многу директна работа дека сите овие прашања, сите овие проблеми имаат одговор и сите овие проблеми може да се решат“, заклучи Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.