Големите ланци на маркети треба да бидат почесто затворани, доколку не ги почитуваат одлуките на Владата, предлага директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Јас поднесов Закон за ДПИ. Еве на пример за голем ланец на маркет казната за непочитување на одлуки е 7000 евра, ако ја плати во рок од 7 дена е 3500 евра. Тоа не е ништо за големите ланци на маркети, ќе ја плати и ќе продолжи да работи без никаква штета, вели Трајковски.

Тој предлага да има затворање и забрана за вршење на дејност за да се свестат големите ланците на маркети.

Не им е важна казната на големите ланци на маркети, ги боли затворањето, рече Трајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.