Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, предупреди дека руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија бидејќи ќе се покачат цените на храната, енергијата и на ѓубривото.

Во обраќањето пред учесници на деловен настан во СAД организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека е тешко „да се види како да се избегне рецесија“, истакнувајќи дека загриженоста расте и поради забавувањето на стопанскиот раст во Кина по серијата заклучувања поради Ковид-19.

Гледајќи го глобалниот бруто домашен производ, сега е тешко да се види како да се избегне рецесија. И самата помисла за удвојување на цените на енергенсите е доволна за да предизвика рецесија“, изјави Малпас, без притоа да даде некоја конкретна прогноза, пренесува Би-Би-Си.

Светската банка минатиот месец ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за речиси цел процентен поен, на 3,2 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.