Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид.

Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември.

Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септемв

Билетите за новата авионска линија се достапни за резервации преку веб-страницата на авиокомпанијата.

Аеродромот „Радом“ се наоѓа на 110 километри од центарот на Варшава. Поранешниот воен аеродром во 2015 година беше пренаменет за цивилна воздушна пловидба и опслужување комерцијални летови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.