Со две нови државни обврзници кои од денес котираат на официјалниот пазар, техничката Влада ја задолжува државата за дополнителни 2.141.720.000 денари или 34,79 милиони евра. Двете обврзници, издадени на десети месецов, се без девизна клаузула, а рокот на доспевање е за две, односно за 15 години, објави „Пари“.
Информацијата ја објави Македонска берза:
Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“.
Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1.104.420.000 денари, што е противвредност на 17,94 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Датумот на достасување е 10 мај 2026 година.
Другата е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, со номинална вредност од десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.037.300.000 денари, односно 16,85 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.