Во трговијата на мало во мај годинава во споредба со мај лани е евидентиран пад и на реалната и на номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 24, 9  проценти, а реално за 13,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Податоците на ДЗС покажуваат зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 17,9  проценти, а реално за 5 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,5 проценти, а реално за 1.4 проценти, како и воТ рговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво каде прометот номинално расте за 4,9  проценти, а реално опаѓа за 2,5  проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.