Над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади денеска им се исплатени на 13.854 лозари, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил.
Како што ветивме, субвенциите ги исплаќаме пред почетокот на новата производствена сезона, истакнува Николовски.
Овие пари, додава, директно се враќаат кај лозарите.
Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино, подвлекува министерот.
Претходно Николовски најави и поголеми субвенции за сточарите и пчеларите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.