Корисници на услугите на Телеком денеска биле сардисани од оператори на кол центарот кои ги известувале до утре да го подмират долгот од еден ден. Читателите кои се пожалија во Република се сложија дека операторите биле дрски, а ѕвонеле и по неколку пати во денот.
Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрско се оснесуваат, без да се претстави операторот. Имате долг од 126 денари, да го платите до утре, ми вели дрско, сведочи наш читател.
Не ти кажувам, ми рече кога прашав кој се јавува и дали може да ме поврзе со одговорни во кол центарот за да се разбереме, додава изреволтиран читателот на Република, кој се јави во нашата редакција за да се пожали од односот на Телеком.
Нашиот читател вели дека е корисник на услугите во фиксната и мобилната телефонија, но и на интернет услугите на компанијата 25 години, од самиот почеток на мобилната телефонија во Македонија.
Сум одел на одмор, па сум закажувал да се реализираат плаќањата за да не задоцнам. Сите телефони дома, во фирмата, интернетот дома и на работа, телефоните и интернетот кај родителите – се е на Телеком и никогаш не сум задоцнил со плаќање ни минута. Сметката за која ми се јавија е интернет од викендичка. Почнав таа услуга да ја користам од пролетта, но бидејќи не го користиме тој интернет често, а паушалот е 99 денари, колку што е и провизијата во банка. Плаќам за неколку месеци одеднаш. Но, тоа можат да го видат. По толку години користење исклучиво на нивните услуги и јас научив кои се податоци им се достапни со внесувањето на мојот број, вели корисникот на услугите на Телеком.
Друг читател имал слично искуство. Вели, секако ќе ми пресметаат камата.
Можат да ме исклучат, каматата нема да ми ја простат. И се случувало да задоцнам, но досега не се јавиле на 21. во месецот за да ми наредат да си го платам долгот од еден ден. Замислете, на 21. ми се јавуваат да го платам до утре! На Телеком ли му дојде до долговите од 20, 50 и 100 денари, прашува читателот, чијшто долг бил помал од 100 денари.
Македонски Телеком е една од малкуте компании кои остваруваат неколку десетици милиони евра профит годишно и покрај ковид кризата и енергетската криза. Телеком оствари позитивни резултати во 2020 и 2021 година. Приходите од продажба во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари, односно 200 илјади евра.
Во првата половина од 2022 година, пак, приходите од продажбата на компанијата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 100 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.