Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат над 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари по пчелно семејство, евидентирани или регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло, или одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна, или имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Потребното одржување на бројот на пријавените преземени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.18. за пчелни семејства вкучени во селекција за пеоизводство на шчелни матици, односно за подмерката 2.19.

Корисници на оваа дополнителна подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одледувалишта на пчелни матици или се нивни членови.

Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство, кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачнитеединици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.