Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.  

Како корисници кај мерката 1.3 се јавуват земјоделски стопанства корисници на подмерката 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун”, кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа мерка се исто така земјоделски стопанства, кои се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од  АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.   

Поркај аплицирањето за мерката 1.3 земјоделците можат да аплицираат и за мерките:

  • „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
  • „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.