Голем дефект на далновод причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места вчера попладне останаа без струја.
Екипите на МЕПСО веднаш излегоа на терен и за неколку часа беше воспоставено повторно снабдување со електрична енергија во поголем дел од населените места, а вработените во компанијата останаа доцна во ноќта да работат на целосно отстранување на дефектот.
-Испад на далекуводот, трафостаницата Скопје 4 кон трафостаница Бунарџик и пожар во близина на трафостаницата беше причина за прекин со снабдувањето на електрична енергија, вели генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани за Утрински брифинг.
Иако причините сѐ уште не се утврдени, Муртезани исклучува дека се работи за човечка грешка.
Според експертското мислење на службите, станува збор за дефект која се појавува одвреме навреме и минимални се шансите причина за дефектот да биде човечки фактор, бидејќи последиците можат да чинат човечки живот. Се работи за стандареден дефект кој се појавува одвреме навреме, дециден е Муртезани.
Тој објасни дека екипите на МЕПСО до доцна ноќеска работеле на терен и во 3.30 по полноќ пуштен е напонот на далеководот Скопје 4 – Бунарџик, и сега цело Скопје има електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.