Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.

Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка.

Во случај на флуктуација, ќе имаме можност да интервенираме и да не дозволиме финансиски реперкусии врз фирмата. Од друга страна, јавноста е навреме информирана дека во април, при обновување на договорите со учесниците на пазарот, ставивме извршна клаузула која ќе избегне долги судски процедури со кои само ќе губиме време и нема да наплатиме средства, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на новата дигитална опрема во преносната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.