Министерството за труд и социјална политика демантира дека имало кратење на висината на средствата за корисниците на Гарантирана минимална помош. Кратењето на споменуваните 1.000 денари, велат од МТСП, се средства кои биле наменети за потрошувачка на енергенси за корисниците на Гарантирана минимална помош во текот на целата година во период на вонредна состојба. Откако Собранието ја укина вонредната состојба во државата, потенцираат од МТСП, овие средства се исплаќаат во месеците на грејна сезона, како што беше и пред нејзиното воведување.

Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.
Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, се вели во соопштението од МТСП.

Ваквите одлуки за постапување, додаваат од Министерството за труд и социјална политика, се донесени согласно Закон и за нив јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 5 август годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.