Според најновите прогнози на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) објавени на почетокот на април, Македонија ќе има најнизок економски раст од 1,4% во 2023 година споредено со сите земји од регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Косово се очекува да оствари повеќе од двојно повисок раст (3,5%) како и Црна Гора (3,2%), Албанија да има раст од 2,3%, БиХ од 2%, исто колку и Србија. На дното на очекувањата на монетарците е македонската економија, што ја сврстува во групата на економии кои директно се погодени од војната во Украина. Руската и белоруската економија се оценува дека ќе пораснат за 0,7% во 2023 година, Унгарија се очекува да има раст од 0,5%, Полска од 0,3%, додека Украина ќе има пад на БДП од 3%.
Неуспешните економски политики на оваа Влада ја сместија македонската економија во воена состојба. Неуспешна борба со високата инфлација ги закотви прогнозите за домашната инфлација во 2023 година на високо ниво од 9,2%, повисоко од очекувата инфлација Албанија и Косово (5% и 5,5%), БиХ од 6%, Русија и Белорусија (7% и 7,5%), велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.